петок, 18 октомври 2024

Арсовска вели дека за една недела по мостот „Беласица“ пак ќе може да се вози

Објавено на

часот

Сподели

Арсовска кажа дека на мостот ќе треба да се направи одредена санација која, како што рече, се однесува на козметичко рефреширање на она кое што е паднато во делот на бетонот.

„Во суштина нема ништо кое што влијае на стабилноста, сигурноста и безбедноста и тоа е она кое што е најважно за нас“, рече таа.

Градоначалничката посочи дека сите мостови кои што ги има во Град Скопје и се во нивна надлежност редовно се одржуваат.

„На некои од нив треба да се направи некоја козметичка санација меѓутоа, генерално се безбедни, сигурни за движење“, рече таа.

Пожарот на мостот „Беласица“ избувна ноќта меѓу 11 и 12 мај, а од Противпожарната единица тогаш изјавија дека запалена била електрична инсталација и систем за парно греење. Од тогаш сообраќајот на мостот „Беласица“ е затворен за сообраќај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ