сабота, 19 октомври 2024

Арсовска предлага споменикот на Ќосето да биде поставен после кружниот тек кај хотелот Континентал

Објавено на

часот

Сподели

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска достави иницијатива до Советот на Град Скопје за одредување нова локација на спомен обележјето на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето. Локацијата  ќе се наоѓа на крстосницата помеѓу булеварот „Александар Македонски“ и булеварот „Беласица“ североисточно од кружниот тек, соопшти Град Скопје.

„Оваа точка што поскоро  да биде ставена на дневен ред во Советот на Град Скопје, така што единствен начин да се исправи неправдата, е да се оддолжи  на луѓето кои го дале својот живот за независна и суверена Република Македонија, како и  да се паметат  и чествуваат хероите од кои ниту еден не смее да биде заборавен“, се наведува во соопштението. 

Претходно споменикот на Ќосето беше поставен во центарот на Скопје, на крстосницата кај трговскиот центар Мавровка пред зградата во која се сместени Основниот граѓански суд Скопје и Врховниот суд.

Споменикот беше поставен во септември 2014 година, како дел од проектот „Скопје 2014“, а беше отстранет во февруари 2018 година од страна на општина Центар со образложение дека е дивоградба.

Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето е историска личност, учесник во македонското револуционерно движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ