сабота, 19 октомври 2024
Градоначалничката на Скопје поднесе иницијатива

Арсовска побара враќање на името на Втора македонска бригада, а од Курти да именува улица по Тодор Алексндров

Објавено на

часот

Сподели

“Ги повикувам сите советници во Советот на Град Скопје да гласаат во корист на оваа предлог одлука, со која ќе се исправи неправдата кон 230 херои, припадници на Втората македонска бригада од сите етникуми кои го дале својот живот за одбрана на Македонија.

Апелирам, оваа иницијатива да не се политизира ниту пак да се злоупотребува за кревање на етнички тензии, особено поради фактот што најголемиот дел од хероите, покрај Македонци биле токму Албанци, Роми и Власи. 

Воедно, силно ја осудувам националистичката реторика и на оксовскиот премиер Аљбин Курти и сакам да му предложам нова иницијатива – во Приштина улица да биде именувана по македонскиот револуционер Тодор Александров кој своевремено активно соработувал со Хасан Приштина, Хасан Бејта и Бајрам Цури во борбата против окупацијата на СХС. За оваа соработка е донесена и одлука на ЦК на ВМРО на која за контакт бил назначен Петар Чаулев”, соопшти градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ