петок, 18 октомври 2024

Арсовска: Мостот Беласица би можел да биде делумно пуштен

Објавено на

часот

Сподели

Првичните испитувања на мостот Беласица направени од експертите покажале дека тој веќе може да биде пуштен за сообраќај за возила во по една лента во еден правец, за велосипедисти и пешаци, но сепак е решено да не се ризикува и да се изврши целосно испитување, изјави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

„Од она што го имаме од експертите по овие првични испитувања е дека би можело да се отвори за пешаци, и за велосипедисти, а дури и две ленти за возење во по еден правец веднаш, меѓутоа сепак одлучивме да сочекаме да имаме точни, прецизни информации и веднаш потоа доколку треба некоја ситна санација или доколку треба реконструкција, истата да се изврши, за да биде ставен во употреба“, рече Арсовска.

Пожарот изби на 12 мај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ