понеделник, 28 октомври 2024

Арсенал со гол на Хаверц во финишот го победи Брентфорд (ВИДЕО)

Арсенал со 2-1 го совлада Брентфорд и се качи на првото место во Премиерлигата каде ќе биде барем до вечер, херој во триумфот беше Хаверц кој постигна гол ов 86. минута од натпреварот.

Објавено на

часот

Сподели

Арсенал поведе со гол на Деклан Рајс во 19. минута од натпреварот.

Во судиското продолжение од првото полувреме Виса изедначи на 1-1.

Арсенал долго време се мачеше за да го врати водството, тоа конечно се случи во 86. минута кога Каи Хаверц постигна гол за победа од 2-1.

Топчиите сега се на првото место во Премиерлигата, а таму можат да останат ако утрешното дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Сити заврши нерешено.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ