„Топчиите“ до овој момент имаат постигнато 70 погодоци во Премиерлигата, повеќе од било кој друг клуб, но и покрај тоа еден од приоритете во летниот преоден рок ќе биде ангажман на нов напаѓач.
Спортскиот директор Еду е прилично темелен, и во неговиот бележник има дури 10 имиња.
Како што пренесува Дејли Мирор, на радарот на Арсенал се Ајван Тони од Брентфорд, Александер Исак од Њукасл, Виктор Гјокереш од Спортинг, Виктор Осимен од Наполи, Луис Опенда од Лајпциг, Бенџамин Шешко од Лајпциг, Еванилсон од Порто, Брајан Броби од Ајакс, Сантијаго Хименез од Феенорд и Виктор Бонифејс од Баер Леверкузен.