Една од најголемите и најгусто населени области на сончеви дамки видени во повеќе од една деценија се појави на делот од сонцето што наскоро ќе се сврти кон Земјата, предупредува Спејс. Оваа област на дамки наредниве неколку недели на Земјата може да ги направи многу возбудливи бидејќи нашата планета ќе биде на удар од нив.
Првата група, наречена АР3490, го премина североисточниот хоризонт на Сонцето на 18 ноември и се сврте поблиску до Земјата, а набргу по неа ја следеше друга група наречена АР349.
Научниците веќе претходно, додека дамките сѐ уште биле зад сончевиот хоризонт, знаеле дека доаѓаат затоа што забележале „хелиосеизмички потреси“ во таа област, т.е. бранови на површината на Сонцето. Регионот на сончеви дамки е „толку голем што влијае на начинот на кој целото Сонце вибрира“.
Од нивното појавување, групите сончеви дамки се раздвоиле, раѓајќи нови сончеви дамки, вклучувајќи ги АР3492, АР3495, АР3496 и АР3497, создавајќи цел „архипелаг“.
Областа се протега на околу 200.000 километри, што е повеќе од 15 пати повеќе од дијаметарот на Земјата.
Во изминатите четири дена веќе исфрли најмалку 16 сончеви пламени од класата М и класата Ц, втора и трета најсилна класа на соларни ерупции. Експертите предупредуваат дека во следните неколку недели може да има уште многу ерупции од овие класи, но и некои од најсилната класа Икс.