недела, 2 февруари 2025

Арапските држави го одбија предлогот на Трамп за преместување на Палестинците

Шефовите на дипломатиите на арапските држави го отфрлија предлогот за преместување на Палестинците од нивната земја по кои било околности и еднострано се спротивставија на повиците на американскиот претседател Египет и Јордан да ги прифатат жителите на Појасот Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министрите за надворешни работи и функционери од Египет, Јордан, Саудиска Арабија, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Палестинската самоуправа и Арапската лига во заедничко соопштение порачаа дека таков потег може да ја загрози стабилноста на регионот, да го прошири конфликтот и да се поткопаат шансите за постигнување мир.

„Го потврдуваме нашето отфрлање (на какви било обиди) да се загрозат неотуѓивите права на Палестинците било со активности за раселување или бркање или анкетирање територии или бркање на сопствениците од нивната земја во кој било облик и под кои било околности или оправдувања“, се истакнува во заедничкото соопштение.

Додадоа дека се радуваат на соработката со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување праведен и сеопфатен мир на Блискиот Исток заснован на решение со две држави.

Нивниот состанок е предизвикан од изјавата на Трамп од минатата недела дека Египет и Јордан треба да ги прифатат Палестинците од Газа, која ја нарече „зона на уривање“ по 15 месеци израелско бомбардирање по што повеќето од 2,3 милиони жители на енклавата останаа без покрив над глава.

Критичарите го нарекоа предлогот на Трамп „етничко чистење“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ