среда, 12 февруари 2025

Aпел на Бистри умови: Да ги поддржиме за да не ги изгубиме!

Ако не ги поддржиме сега, утре ќе ги гледаме како заминуваат – засекогаш и тогаш ќе немаме право да ги нарекуваме предавници, затоа што кога најмногу сме им потребни, ние не сме мрднале со прст, велат од организацијата Бистри умови за можното учеството на осум ученици од Македонија кои треба да ја претставуваат државата на меѓународната Олимпијада по информатика и технологија (ИАТИ) во Шумен, Бугарија. Целиот аранжман чини 5.000 евра.

Објавено на

часот

Сподели

Се работи за осум ученици од македонските основни и средни училишта, информатичари, кои се победници на бројни домашни и меѓународни натпревари по информатика и математика. Сега добија шанса да ја претставуваат Македонија и на олимпијадата во Шумен што ќе се одржи од 8 до 14 април.

Бистри умови е невладина организација за поддршка на талентираните ученици.

Донациите може да се уплатат на банкарската сметка за донации: 270076853510197 Халк банка (контакт за повеќе информации: 078 416-164 [email protected]).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ