Апасиев кој е носител на кандидатската листа за пратеници на Левица првата изборна единица ги повика граѓаните масовно да излезат на избори во среда.
„Ние ја понудивме нашата македонска платформа и очекуваме идниот мандатар на ниво на таа платформа, да почне преговори. Апелираме до гласачите масовно да излезат и да гласаат на овие двојни избори. Очекуваме солидна бројка, дуплирање на резултатот од претседателските избори и освојување на прва пратеничка група на Левица од осум до 12 мандати, зависно од излезноста. Очекуваме машки фајт и битка внатре во Собранието, за македонските национални интереси“, подвлече Аапсиев, изразувајќи благодарност до сите активисти, волонтери, на сите кои дале придонес во изминатиот период.
Апасиев нагласи дека е потребна брза и одлучна политичка акција за конечен пад на, како што рече, овој корумпиран хибриден режим.
„Секој сериозен и прогресивен човек има граѓанска должност да придонесе во борбата за слобода од мафијата, внатрешните квислинзи и домашниот окупатор. На овие избори бираме помеѓу македонизмот на левицата и антимакедонизмот на буржујските партии“, изјави Апасиев.
За време на митингот во Парк, Апасиев порача дека AСНОМ е она што сега го возобнувува Левица.
„Тие што нè ословуваа дека сме националисти, нека знаат дека повеќе Турци и Бошњаци ќе влезат преку листите на Левица, отколку преку нивните етнотрибалистички листи. Сиромашниот Албанец, сиромашниот Ром, сиромашниот Бошњак, сиромашниот Турчин ни е поблизок од македонскиот чорбаџија. И затоа, елајте, браќа и сестри! Елајте, народи и народности! Елајте во Левица, за да го вееме бајракот на слободата!”, рече Апасиев во своето обраќање кон граѓаните.