„Прва надзорна расправа за аерозагадувањето во Собранието и тоа во комисијата со која претседавам! Левица продолжува да прави преседани, ама позитивни.
Благодарност до сите кои ја прифатија нашата иницијатива. Конечно, ќе се дознае вистината за загаденоста и ќе се понесе политичка одговорност и мерки за надминување на труењето од кое сите патиме!” – напиша пратеникот од Левица, Димитар Апасиев.