„Првата платформа е Тиранска платформа зад која стојат необалистички партии на албанското малцинство без оглед дали е ДУИ, дали е коалиција Вреди – тоа е еден ист концепт, кој води кон разградување на државата. Втората платформа е Софиската платформа зад која што стојат македонските буржујски партии, СДС и ДПМНЕ. И третата платформа, која ние денес јавно ја обзнанивме – тоа е Македонската платформа во 5 точки за зачувување на територијалниот интегритет, суверенитет, унитарноста и државните инсигнии. Левица ќе коалицира со Влада која ќе ги прифати црвените линии во одбрана на македонската држава. На овие избори, македонскиот народ ќе стави крај на диктатите и поразите од режимот на СДС и ДУИ и повторно ќе ја возобнови Републиката!“, порача Апасиев од Битола.