понеделник, 30 декември 2024

Антидискриминаторите ќе расправаат за привилегиите на Бехтел и Енка работници да им работат прекувремено

Објавено на

часот

Сподели

„Не можам да зборувам од име на Комисијата која е колективно тело и одлуките ги носи со мнозинство гласови. Она што можам да го кажам е дека ние секако ќе го испитаме ова и ќе видиме дали имам простор за покренување постапка по службена должност и понатаму, би покренале секако и чекори согласно законот. Најпрво, ова мора да биде прашање што ќе биде поставено на седница. Денеска имаме седница, но ова е премногу свежо, чинам излезе вчера во медиумите и немаше кога воопшто да го ставиме на разгледување. Мислам дека на денешната седница ова може да биде разгледано и подоцна да одлучиме дали ќе поведеме или нема да поведеме постапка по службена должност, а секако, доколку добиеме претставка од граѓани, би постапувале согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација“, рече Јадровски, одговорајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за заштита на земјоделките од дискриминација во однос на породилно отстиство и боледување.

Информацијата дека Владата се согласила на огромни пенали кон „Бехтел и Енка“ ако не се обезбеди поголема работна недела Николовски ја соопшти во телевизиско гостување. Рече дека имал увид во договорот што Владата го потпишала со „Бехтел и Енка“  за изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10-д и дека ова ексклузивно го кажува јавно. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ