среда, 5 февруари 2025

Анкета: Симпатиите на Украинците кон Полјаците брзо исчезнуваат

Симпатиите кон Полјаците брзо се намалуваат во Украина во последните месеци, и додека во средината на 2022 година 84 отсто од Украинците имале добро или многу добро мислење за Полјаците, сега само 41 отсто од Украинците имаат такви симпатии, според новата анкета на полскиот весник „Жечпосполита“.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Истражувањето на украинската агенција Инфо сапиенс за полскиот весник покажало дека процентот на неутрални се зголемува, а за разлика од првата година од војната кога воопшто немало антипатија кон Полјаците во анкетата, сега пет проценти од Украинците мислат лошо на Полјаците. Како виновник за забрзаното исчезнување на симпатиите „Жечпосполита“ ги гледа првенствено протестите на полските земјоделци, кои со блокади на границите се обидоа да го спречат увозот и транзитот на поевтини украински житарки и прехранбени производи.

„Не успеваме да му ја претставиме големината на нашата помош на нашиот сосед, а протестите на земјоделците и емоциите што одат со војната имаат големо влијание врз расположението. Од друга страна, Русија ги злоупотребува историските стравови“, пишува денеска полскиот весник.

На средбата со францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела во Варшава, полскиот премиер Доналд Туск ги пресече тие шпекулации, токму по повод најавата на идниот американски претседател Доналд Трамп дека Европа треба да испрати свои мировни трупи во Украина. Тој тогаш рече дека Полска нема намера да испраќа свои војници во Украина по евентуален прекин на огнот доколку се договори таква мисија.

„Украина и Полска 400 години беа една држава. Испраќањето полски војници би било само муниција за руската пропаганда. Ние сме последните што треба да испратат војници во таа земја што беше нападната од Русија“, изјави претходно полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски.

Во интервју за полската агенција ПАП минатиот викенд, експертот Јакоб Киркегард од Брисел рече дека темата за испраќање полски војници во Украина е преуранета, бидејќи нема знаци дека Русија наскоро ќе почне мировни преговори со Украина и дека тоа сега всушност е само сигнал до Трамп дека Европејците се подготвени да ги сносат трошоците за зачувување на мирот.

„Треба да го убедиме претседателот Трамп дека Америка нема да ги сноси трошоците за таквата мисија. Денеска се дава сигнал што може да направи Европа во иднина. Затоа францускиот претседател Макрон проверува кој би можел да учествува во таа мисија“, рече Киркегард.

Според тој експерт, не е важно дали Полска сака да испрати свои војници или не, бидејќи нема преговори со Русија.

„Можно е еден од условите за мировен договор е да му даде сигнал на Трамп да ѝ помогне на Европа да победи во војната, а ние Европејците ќе се занимаваме со зачувување на мирот. Разговорите за мировна мисија се предвремени, но тоа е порака од европските лидери до Трамп дека очекуваат неговата поддршка да ја зајакне позицијата на Украина на фронтот“, вели експертот од Брисел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ