сабота, 1 февруари 2025

Анкета: Речиси половина Данци ги гледаат САД како закана, 78 отсто се противат на продавање на Гренланд

Речиси половина од Данците ги сметаат Соединетите Американски Држави за значителна закана за својата земја, а големо мнозинство се против можноста Гренлад да стане дел од САД, покажува нова анкета која ја објави Гардијан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Истражувањето на Југов е објавено по неделата тензии меѓу Данска, Гренланд и САД, поради тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека планира да ја преземе контролата врз арктичката територија, која е дел од данското кралство.

Гренланд, кој има 57.000 жители, порано беше колонија на Данска, која и понатаму ја контролира неговата надворешна и безбедносна политика. Интересот на Трамп за Гренланд доаѓа во време на сè поголем замав на движењето за независност.

Анкетата спроведена од 15 до 22 јануари на нешто повеќе од 1.000 луѓе во Данска покажува дека 46 отсто сметаат дека САД се „многу голема закана“ или „прилично голема закана“ за Данска.

Тоа е повеќе од бројот на оние кои кажале дека ја сметаат Северна Кореја или Иран за закана. Само Русија за закана ја сметаат повеќе анкетирани, 86 отсто.

Од анкетираните, 78 отсто кажале дека се против продажба на Гренланд на САД, но 71 отсто кажале дека конечната одлука треба да биде на Гренланд, а не на Данска.

Резултатите доаѓаат во време кога данската премиерка Мете Фредериксен ги посети Берлин, Париз и Брисел за да ја зајакне поддршката поради заканите на Трамп за Гренланд, наводно по „ужасен телефонски разговор“ со американскиот претседател.

Фредериксен кажа дека Европа мора да се обедини соочена со промената на односите со САД. „Сакам да обезбедам цела Европа да биде заедно“, кажа таа, додавајќи: „Сите во Европа гледаат дека соработката со САД сега ќе биде поинаква“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ