понеделник, 16 декември 2024

Анкара: Израел се обидува да ги прошири границите со планови за двојно зголемување на населението на Голан

Израел се обидува да ги „прошири своите граници“ со планови за двојно зголемување на населението на анектираниот Голан, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи. „Силно ја осудуваме одлуката на Израел да ги прошири илегалните населби на Голанската висорамнина, која е окупирана од 1967 година. Таа одлука претставува нова фаза со цел Израел да ги прошири своите граници преку окупација“, се вели во соопштението.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Овие акции, како што се наведува, им штетат на напорите за воспоставување мир и стабилност во Сирија и дополнително ги зголемуваат тензиите во регионот.

„Меѓународната заедница мора да одговори“, се додава во соопштението.

Израелската влада во неделата одобри проект со цел двојно зголемување на населението на сириската Голанска висорамнина, но рече дека нема намера да влегува во конфликт со Сирија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ