Aнима мунди: Не за стрелиште во Маврово!
Во близина на детското одмаралиште Бунец, и некаде 40 метри од главниот пат за Маврово се спроведуваат градежни активности кои најгрубо ја деградираат и сакатат природата и живиот свет, нанесувајќи неповратна штета на природниот баланс во целиот регион, на државата и нашите природни ресурси. Се гради стрелиште, во близина на хранилиште на дивеч за кое мештаните не знаат речиси ништо, без решение за градба од Општина Маврово Ростоше, или каков бил документ, иако Националниот парк Маврово неколку пати по ред го одбива барањето согласност за изградба, се вели во соопштението на здружението за заштита на животните Анима мунди за проектот стрелиште во Маврово.
Објавено на
часот