Кога Англичаните ќе се вратат на теренот во вториот дел, нема да имаат имиња на своите дресови со цел да се покаже како луѓето со деменција би можеле да загубат драгоцени сеќавања. Иницијативата е дел од партнерството на ФА и друштвото за Алцхајмерова болест.
„Се надеваме дека не само што ќе ги потикнеме фановите да донираат за нашите истражувања за рана дигајноза, туку и ќе ги поддржат своите најмили исто како што го подджуваат својот фудбалски тим“, изјави Кејт Ли, извршната директорка на Друштвото за Алцхајмерова болест.