сабота, 27 јули 2024

Стојанче Ангелов до Али Ахмети: Крени рачна со време!

Ахмети, кревај рачна кочница со време, му порача претседателот на Достоинство и директор на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Коалицијата „Европски фронт“ предводена од Демократската унија за интеграции (ДУИ), вчера, одржа главен митинг на плоштад „Македонија“ во Скопје, каде свое обраќање имаше претседателскиот кандидат, Бујар Османи, но и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Лидерот Ахмети упати и посебна порака до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порачувајќи му дека е млад и неискусен и дека треба да повнимава на тоа што го говори. Османи во своето обраќање повика на мобилизација со цел да се разбие правилото Албанец да не може да стане шеф на државата.

Објавено на

часот

Сподели

„На синоќешниот митинг на ДУИ во центарот на Скопје, поранешниот командант на УЧК и сегашен претседател на ДУИ Али Ахмети упати отворена и директна закана до Христијан Мицкоски, која беше придужена со скандирање “УЧК, УЧК, УЧК….“ на кое се придружи и самиот Ахмети силно викајќи “УЧК, УЧК, УЧК…“Мислам дека не треба да потсетувам какви емоции кај Македонците буди спомнувањето на УЧК и тоа во центарот на Скопје, на самиот скопски плоштад, додека присутните вееја безброј албански знамиња и знамиња на УЧК, без ниту едно единствено македонско знаме. Затоа, му порачувам на Али Ахмети да биде внимателен со заканите! Мицкоски не е сам! Зад него стои ВМРО ДПМНЕ и коалицијата ‘Твоја Македонија’. Зад него стои и убедливо мнозинство од македонскиот народ но и убедливо мнозинство од нас, македонските бранители од 2001-та! Истите оние Бранители кои во воената 2001 година ве поразија во сите битки на бојното поле, истите оние бранители од кои ве спасуваа странците додека вие мавтавте со бели знамиња во Арачиново. Затоа со време кревајте рачна кочница. Бидејки, како што секојдневно укажува токму Мицкоски, се ближи времето за одговорност за сето она што ДУИ ѝ го направи на Македонија, почнувајќи од 2001 година па сѐ до денес“, порачува Ангелов.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ