вторник, 10 декември 2024
Избори 2024

Ахмети од митингот во Скопје: Мицкоски уште си млад, внимавај што зборуваш

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од Демократската унија за интеграции (ДУИ), вечерва, одржа главен митинг на плоштад „Македонија“ во Скопје, каде свое обраќање имаше претседателскиот кандидат, Бујар Османи, но и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Лидерот Ахмети упати и посебна порака до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порачувајќи му дека е млад и неискусен и дека треба да повнимава на тоа што го говори. Османи во своето обраќање повика на мобилизација со цел да се разбие правилото Албанец да не може да стане шеф на државата.

Објавено на

часот

Сподели

„Христијане, мојот народ вели дека oд камен на камен станува тврдина, а од збор до збор започнуваат неволји, затоа, немој да тргнуваш кон неволја и мери си ги зборовите затоа што си млад, од устата уште млеко ти тече. Овој Европски фронт можеби некому му е досаден затоа што овие млади луѓе извикуваат УЧК, но УЧК придонесе за демократизација на Македонија и ги направи и најмалите заедници со идентитет. И покојниот Трајковски беше благодарен рече дека УЧК го признава верскиот идентитет, а таа е и ослободителна, така што секој е господар во свокјот дом. Не баравме странци, се боревме за нас. Затоа, добро да ги измериме зборовите бидејќи оваа земја има свое место во Европа и таму можеме само заедно да одиме.  Браќа и сестри, нема ништо што не може да се постигне, се шегуваа кога велевме дека ќе имаме премиер Албанец, па еве го Талат Џафери. А Бујар Османи е најдобар кандидат за претседател. Затоа, да се мобилизираме и да ги срушиме барикадите“, рече Ахмети.

Од плоштадот Македонија, Османи ги повика граѓаните да се мобилизираат, бидејќи според него, постојат реални шанси како кандидат Албанец да помине во вториот круг. Рече дека е кандидат на девет политички партии и четири заедници, кои, нагласи, вкупно сочинуваат 47 отсто од населението во Македонија. Вели, пораката за мобилизација е историска, додека пак, Македонија е држава на два народа.

„Ве замолувам да се мобилизирате, да овозможите да се пробие оваа бариера, бидејќи се создава еуфорија. Затоа ве повикуваме луѓе, за да ја оствариме оваа историска победа, да одиме во вториот круг“, рече Османи.

Османи во своето обраќање рече дека настаните од 27 април се последица на изборот на Албанец за претседател на Собранието, Талат Џафери и дека затоа тие настани се уште пострашни.

„Пред седум години, речиси точно на денешен ден, некаде на стотици метри од ова место, таму во Собранието на Северна Македонија се случија најстрашните настани од поновата историја на нашата држава. Се сеќавате на настаните од 27 април, пред нас се уште се крвавите слики на нашите пратеници. Која беше причината? Дека Талат Џафери стана претседател на Собранието. Што беше проблемот? Само тоа што бил Албанец и ништо друго. Уште се сеќавам на сликите на Зијадин Села кој тој ден за малку ќе го загубеше животот“, рече Османи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ