понеделник, 30 декември 2024
Не стивнуваат пожарите низ Македонија

Ангелов апелира да не се палат стрништа, а ресурсите на ДЗС и на МВР разумно да се користат

Состојбата со пожарите на отворен простор е алармантна. Само во текот на вчерашниот ден имаше 37 пожари од кои два се гаснеа со ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и хеликоптери на Министерството за внатрешни работи (МВР). И покрај вчерашното интезивно гаснење 4 шумски пожари гореа во текот на целата ноќ и сѐ уште се активни, предупредува директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на викендот почнувајќи од петокот, заедно со сабота и недела имало вкупно 95 пожари на отворен простор, а во текот на септември биле регистрирани вкупно 778 пожари на отворен простор од кои 43 се гаснети со воздухоплови.

„Апелирам до сите земјоделци да не ги палат стрништата а сточарите пасиштата. Сериозни врнежи нема подолго време, вегетацијата е исклучително сува, дневните температури се сеуште високи, пожарникарите и пилотите се исцрпени и на крај на силите. Апелирам до сите градоначалници да ги следат законски пропишаните процедури и да бараат воздушна подршка тогаш кога се исцрпени сите останати можности. Пожари не се гаснат од воздух со ер трактори и хеликоптери без подршка на пожарникари од земја. Невозможно е да се изгасне пожар додека врз него не згазне пожарникарска чизма“, вели Ангелов.

Според податоците на ЦУК, во моментов има 6 активни пожари од кои три се поголеми и според проценките поопасни.

„До вечер ќе станат многу повеќе. Напоменувам дека и најмалиот пожар за миг може да прерасне во голем пожар кој ги загрозува човечките животи, здравје и имот“, предупредува Ангелов.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ