петок, 18 октомври 2024
Директорот на ЦУК предлага решенија

Ангелов: Ако имаме централизирано управување со пожарите ќе бидеме многу поефикасни

Македонија е мала држава и потребно е ссистемот за гаснење на пожарите да биде централизиран, така ќе бидеме многу поефикасни во борбата со огнените стихии, смета директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов кој деновиве ги минува на терен со пожарникарите и пилотите на воздухопловите кои ги гаснат пожарите и има директен увид во капацитетите на пожарните служби и на целиот систем.

Објавено на

часот

Сподели

Градоначалниците се со различни професии и не сите ја познаваат оваа проблематика, која е мошне сложена. Системот за гаснење е децентрализиран и се губи многу време во координирањето, рече Ангелов во гостување на ТВ Телма.

„Кога би имало централна команда, ние ќе надминеме многу проблеми.  Кога почнува да гори некаде, прво што треба да направи градоначалникот е да излезе со сите свои ресурси. Прво треба да излезат од Национални шуми, доколку пожарот е во шума, потоа излегуваат пожарникарите, излегуваат јавните комунални претпријатија, вработените во општината ќе земат противпожарни метли ќе мавтаат и ќе гаснат со нив. Дури потоа треба да побара помош од соседните општини. Кога сме кај соседните општини, градоначалниците тоа го прават или доцна или не го прават. Кога би имало централна команда, гледаме голем пожар, наместо 15 или 20 пожарникари колку што има општината, со една команда може да се испратат 60 пожарникари. Така функционираат Армијата и полицијата. Како мала држава така подобро ќе функционираме. Односно би можело да биде комбиниран метод – командата да биде централизирана, а ресурсите нека бидат децентрализирани бидејќи општините нема да сакаат да се откажат од овие пари“, рече Ангелов.

Директорот на ЦУК истакна дека државата моментално има скромни воздухопловни капацитети.

„Ние имаме три „ер трактори“ на ДЗС и сите се функционални и два хеликоптери на Армијата, но тие се тешки за операција бидејќи се стари и не се во најдобра форма и нив ги употребуваме во ‘не дај боже’ ситуации оти тие може да се срушат некаде. Имаме два армиски хеликоптери кои имаат одреден лимит и кои летаат до 10:30 часот наутро бидејќи не смеат попладне. И, три хеликоптери на МВР“, рече Ангелов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ