среда, 12 февруари 2025

Андоновски во ОАЕ: Меморандумот за меѓувладина соработка во сајбер-безбедноста со Емиратите е во напредна фаза

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски остварил билатерална средба со Мохамед Хамад Ал Куваити, раководител на сајбер-безбедноста за Владата на Обединетите Арапски Емирати и претседател на Советот за сајбер-безбедност на ОАЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Министерството информира дека соговорниците разговарале за заштита во областа на сајбер- безбедноста, меѓународната соработка во справувањето со хибридни напади и сајбер-закани.

„Ал Куваити е познат по тоа што ја доведе ОАЕ во првите пет најзаштитени земји од сајбер- напади. Д-р Ал Куваити води и бројни иницијативи кои донесоа Гинисови рекорди за подигање на свеста за сајбер-безбедноста и организирање на најголеми сајбер безбедносни вежби, со што значително ја зголеми отпорноста на нацијата во сајбер просторот“, се наведува во соопштението.

По повод средбата, Андоновски истакнува дека голем придонес имаат разговорите со луѓето како Ал Куваити, и дека било разговарано „за насоките како да ја подобриме заштитата од вакви напади“.

„Драго ми е што во напредна фаза е и меморандумот за меѓувладина соработка во оваа област, кој се надевам дека ќе го потпишеме скоро. Со тоа ќе ја детерминираме нашата соработка во целиот натамошен период“, изјавил Андоновски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ