среда, 12 март 2025

Андоновски: Хибридни закани како во училиштата во петокот, ќе има – но сега се справуваме системски

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека се хрибридни закани пораките што во петокот по електронски пат ги добија училиштата со предупредувања за поставени експлозивни направи, за кои се утврди дека се лажни дојави по проверките од полицијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Разликата од претходно е што веднаш, уште утрото, се слушнавме со министерката (за образование), организиравме со министерот за внатрешни работи една ад хок-работна група која ги разгледа проблемите со кои се соочува системот, развивме неколку методологии коишто треба да се следат во наредниот период за превентива на подолг рок“, изјави Андоновски при посетата на ОУ „Димитар Македонски“ по повод одбележување на Денот на безбеден интернет.

Посочи дека МВР, МОН и општините постапиле „многу соодветно во текот на денот“, дека биле решени последиците и оти сега се работи и на причините „зошто ова ни се случува“.

„Хибридни напади ќе има, напади на нашата сајбер-инфраструктура ќе продолжат, но многу е важно како институциите одговараат, а сега одговараат системски и во соработка едни со други. Стоиме на располагање да му помагаме на Министерството за образование и наука и на сите други институции ако и понатаму се појават вакви проблеми“, рече Андоновски одговарајќи на новинарски прашања.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ