вторник, 17 септември 2024

Американските Хаиќани стравуваат откако Трамп рече дека имигрантите јадат кучиња и мачки

Американските Хаиќани изјавија дека се плашат за својата безбедност откако Доналд Трамп го повтори лажното и погрдно тврдење за време на овонеделната претседателска дебата за имигрантите во Охајо. Трамп рече дека некои имигранти во Охајо јадат кучиња и мачки.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според Ројтерс, лидерите на хаиќанската заедница низ САД рекле дека коментарите на републиканскиот кандидат за имигрантите кои јадат домашни миленици за време на дебатата со демократската потпретседателка Камала Харис може да ги загрозат животите и дополнително да ги разгорат тензиите во малиот град Спрингфилд, Охајо. Во последните месеци таму пристигнале илјадници имигранти од Хаити.

„Мораме да внимаваме каде одиме“, вели Вилес Дорсаинвил, кој вели дека центарот на хаиќанската заедница што тој го води во Спрингфилд добил заканувачки телефонски повици. Негативната атмосфера поттикнала еден од неговите пријатели кој работи во складиште на Амазон да размисли да замине, рече тој. „Тој рече дека работите сега излегуваат од контрола; начинот на кој луѓето се однесуваат со нас“, вели Дорсаинвил.

Тврдењето на Трамп дека имигрантите „јадат мачки и кучиња“ е последното во долгата низа лаги за имигрантите што ја дефинираат неговата политичка кариера. Ова уследи по сличното лажно тврдење што го рашири неговиот потпретседателски кандидат, американскиот сенатор Џ. Д Венс од Охајо на социјалните мрежи за новите жители на Спрингфилд.

Градските власти велат дека не добиле веродостојни извештаи дека некој јадел милениче. Карен Грејвс, портпаролка на градот, рече дека нема конкретни информации за заканите кон имигрантите, но дека не ги отфрла тврдењата.

Наводно, некои родители објавиле дека нивните деца на училиште биле изложени на малтретирање, напади и заплашувања пред нивните домови, заедно со расистичка реторика на социјалните мрежи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ