Кит Келог, специјалниот претставник на Трамп за Русија и Украина, додаде дека избори би можеле да се одржат до крајот на годината, особено ако се постигне примирје со Русија. „Повеќето демократски нации имаат избори во време на војна. Мислам дека е важно изборите да се спроведат“, кажал Келог за Ројтерс.
„Мислам дека тоа е добро за демократијата. Тоа е убавината на цврстата демократија, има повеќе од една личност која се кандидира“, додаде тој.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека Украина би можела да одржи избори оваа година ако престанат борбите и ако добијат безбедносни гаранции кои ќе ја одвратат Русија од обнова на непријателствата. Петгодишниот мандат на Зеленски заврши во 2024 година, но претседателски и парламентарни избори не се одржани поради вонредната состојба во Украина.