Истакнувајќи ја Полска како пример, која оваа година планира да потроши 4, отсто од БДП за одбрана, Хегсет го повтори барањето на Вашингтон европските сојузници во НАТО да преземат поголем финансиски товар за сопствената безбедност.
„Што ќе се случи за пет, 10 или 15 години е дел од поголемата расправа која го одразува нивото на заканата, ставот на Америка, нашите потреби низ светот, но, што е уште поважно, способноста на европските земји да го зголемат трошењето“, кажа Хегсет на конференција за новинарите.
„И затоа нашата порака до нашите европски сојузници е толку строга. Сега е времето за вложувања бидејќи не можете да претпоставувате дека американското присуство ќе трае засекогаш“.
Како дополнување на неговата изјава на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, на кој ја предупреди Европа да не го третира Вашингтон како будала одговорна за европската безбедност, тој кажа дека Вашингтон е соочен со многу закани, вклучувајќи ја Кина.