понеделник, 30 декември 2024

Американскиот министер за одбрана повторно примен во болница, овластувањата ѝ ги префрли на помошничката

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин вчера повторно беше примен во болница и повторно ги префрли функциите на својата заменичка, соопшти Пентагон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Остин, кому му беше дијагностициран рак на простата и неодамна имаше операција, го криеше своето прво заминување во болница во декември, што наиде на многу критики, за што се извини.

Тој беше пренесен во воената болница Волтер Рид во предградието на Вашингтон поради итен проблем со мочниот меур, изјави портпаролот на Вашингтон, Пет Рајдер.

Рајдер изјави дека вчера околу 17 часот по локално време министерот Остин ги префрлил своите должности на помошничката Кетлин Хикс, која сега ги презема должностите на Остин.

Пентагон подоцна објави дека Остин бил примен на интензивна нега.

Портпаролот рече дека Остин сè уште се лекува и дека Белата куќа и Конгресот се известени.

Неколку часа претходно, Пентагон објави дека Остин заминал во болница со потребните класифицирани и некласифицирани системи за комуникација за да ги извршува своите должности.

На прес-конференција на 1 февруари, Остин се извини што болеста и престојот во болница ги држел во тајност, што предизвика бројни критики во земјата.

Среде изборната година, кога САД, како водечка светска воена сила, следи две големи војни, во Украина и во Појасот Газа, Остин беше опериран и двапати беше во болница, во декември и во јануари, додека претседателот Бајден не знаел ништо за тоа.

Министерот на прес-конференцијата призна дека се работи за грешка и рече дека директно му се извинил на Бајден, кој, како што наведе, учтиво реагирал.

Оваа таинственост ги запрепастиле дури и во редовите на неговата демократска партија, додека републиканците барале оставка на Остин.

Овој пат неговото Министерство набрзина го најави новото заминување во болница, медиумите беа информирани два часа откако тој беше префрлен таму.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ