Ројтерс, повикувајќи се на американскиот конгресмен Мајлс Мекол, пренесува дека американскиот државен секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Валц и пратеникот на Белата куќа за Блискиот Исток Стив Витков ќе отпатуваат во Саудиска Арабија, но не се знае кој ќе биде нивни соговорник од руска страна.
Конгресменот Мекол на маргините на Минхенската безбедносна конференција објасни дека целта на тие разговори е да се има средба меѓу двајцата претседатели, Доналд Трамп и Владимир Путин, како и Зеленски, со цел „конечно да се постигне мир и да се стави крај на овој конфликт“.
Извор запознаен со плановите потврди дека се планирани разговори меѓу руски и американски претставници, иако Стејт департментот не одговори на барањето на Ројтерс.
Стравувањата на Европа дека нема да биде вклучена во мировните преговори ги потврди и изјавата на специјалниот пратеник на Трамп за Украина, Кит Келог, дека Европската унија нема да има место на таа маса, бидејќи Вашингтон испрати прашалник до европските престолнини за тоа како тие можат да придонесат за безбедносните гаранции за Киев.
Во Париз утре треба да се одржи неформален европски самит за Украина, чиј домаќин ќе биде францускиот претседател Емануел Макрон.