петок, 18 октомври 2024

Американски експерт: Украина ќе биде нефункционална држава без голем дел од територијата

Објавено на

часот

Сподели

„Русите нема да ја освојат цела Украина, но Украина ќе изгуби големи делови од својата територија. Русите сакаат да освојат повеќе од 23 проценти што веќе ги освоија. Моја прогноза е дека ќе освојат околу 43 отсто од Украина – полуостровот Крим и осум различни региони. Тоа ќе биде навистина голем дел од територијата“, изјави американскиот аналитичар Џон Мирсхајмер.

Тој нагласи дека не гледа перспективи за мирно решавање на конфликтот во Украина. Според него, ниту една страна нема да направи територијални отстапки, затоа конфликтот веројатно ќе биде замрзнат порано или подоцна, пренесува Спутник.

„Она што ќе остане од Украина ќе биде нефункционална држава која нема да биде во состојба да оди во значајна војна против Русија. А исто така нема да ги исполнува критериумите за влез во ЕУ и НАТО“, рече Мирсхајмер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ