понеделник, 30 декември 2024

Американската војска: Следевме движење на четири руски авиони во близина на Алјаска

Објавено на

часот

Сподели

„Рускиот авион остана во меѓународниот воздушен простор и не влезе во американскиот или канадскиот. Оваа руска активност во АДИЗ кај Алјаска се случува редовно и на неа не се гледа како закана“, се наведува во соопштението на НОРАД.

АДИЗ е меѓународниот воздушен простор непосредно пред суверениот воздушен простор „кој бара спремна идентификација, локација и контрола на сите авиони во интерес на националната безбедност“, наведува НОРАД.

„НОРАД и понатаму е спремен да употреби бројни опции како одговор во одбраната на Северна Америка“, соопшти командата.

Американската војска оваа година потврди повеќекратни операции на руски воени авиони во АДИЗ просторот.

Во мај американски борбени авиони Ф-16 и Ф-22 пресретнале шест руски летала, меѓу кои бомбардери Ту-95, ловци Су-35 и авиони танкери Ил-78 кои влегле во АДИЗ на Алјаска.

Помалку од една недела подоцна, НОРАД следел уште еден руски авион кој дејствувал во меѓународниот воздушен простор.

НОРАД претходно соопшти дека овие руски летала не влегле во суверениот воздушен простор на САД или Канада.

Мајските летови биле регистрирани додека неколку планирани големи воени вежби биле во тек на Алјаска и околу неа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ