недела, 20 октомври 2024

Американската влада го тужи Спејсекс на Маск за дискриминација на бегалците

Објавено на

часот

Сподели

Во огласите за работни места и изборот на работници од септември 2018 до септември 2022 година, Спејсекс погрешно навел дека може да ангажира само американски државјани и носители на „зелени карти“ или постојани жители, поради „законите за контрола на извозот“ до кои компанијата морала да се придржува, истакнува министерството во соопштение.

„Преку истрага, утврдивме дека Спејсекс неоправдано одбивал бегалци поради нивниот статус и всушност наметнал забрана за нивно ангажирање, без оглед на нивните квалификации, кршејќи го така федералниот закон“, рече заменик-јавниот обвинител Кристен Кларк, според текстот.

Законите за контрола на извозот не бараат такви ограничувања при вработување, посочуваат од министерството.

Со тужбата се има за цел да се добие отштета, вклучително и финансиска, „за бегалците кои поради таа наводна дискриминација биле спречени и одбиени при вработување во компанијата Спејсекс“, образложиле тие.

Тесла, другата компанија на Илон Маск, веќе е тужена од државата Калифорнија за расна дискриминација во фабриката во Фремонт.

Дополнително, во декември 2021 година, шест жени поднесоа тужба против истата калифорниска компанија, обвинувајќи ја групацијата за производство на електрични автомобили дека дозволува сексуално вознемирување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ