Економијата на Соединетите Американски Држави во вториот квартал порасна за 2,1 отсто меѓугодишно.
Растот на БДП во третиот квартал пред сè е последица на поголемото трошење и вложувањата во залихи, растот на извозот, потрошувачката на државната и локалните влади, потрошувачката на федералната влада и станбените фиксни инвестиции, се наведува.
Се зголемил и увозот кој негативно придонесува на растот на БДП.
Најновата проценка за растот на БДП е заснована на нецелосни податоци, а втората проценка за третиот квартал, заснована на подетални податоци, ќе биде објавена на 29 ноември.
Американската централна банка ФЕД претходно соопшти дека оваа година очекува раст на американската економија за 2,1 отсто, пренесоа медиумите.