„Стремежот продолжува до овој ден, кога се соочуваме со стари и со нови предизвици. Така е и со нашиот сојуз, пријателството и сојузништвото помеѓу САД и Северна Македонија. Никогаш нема да го постигнеме недофатливото, ‘совршениот’ сојуз. Но принципите што ги споделуваме, предизвиците со кои се соочуваме – не сами, туку заедно – ќе го водат нашиот сојуз напред, во истраен стремеж кон напредок, просперитет и безбедност“, рече Агелер.
САД, додаде таа, се подобри, посилни и поблагородни, бидејќи има сојузници.
„Бидејќи имаме пријатели – пријатели како вас, како државата Северна Македонија“, нагласи Агелер.
На приемот присуствуваа претседателот на државата Стево Пендаровски и други членови на државниот врв, политичари од владејачките партии и опозицијата, претставници на дипломатскиот кор и на јавниот и политичкиот живот…
На крајот, како и при секој празник на САД, беше приреден огномет.