Вилијам Залок во август ја признал вината за тепко кривично дело содомизирање, тешко сексуално злоставување деца, инцест и сексуално искористување деца, а неговиот сопруг Захари Залок истото го направил во октомври.
Случајот е отворен во јули 2022, кога Бирото за истраги на сојузната држава Џорџија добило дојава од Националниот центар за исчезнати и искористувани деца за сомнителен материјал на сексуално злоставување на деца, симнат од ИП адреса во округот Волтон.
Истражителите ги поврзале материјалите со адресата на двојката Залок, на која нашле опсежни докази за злоставувањето. Двојката признала низа сексуални злосторства, вклучувајќи силување и присилување на своите синови на орален секс. Во нивниот дом полицијата извршила ноќна рација, за време на која едно возрасно лице било извлечено голо од куќата.
Властите заплениле повеќе од 7 терабајти електронски докази, вклучувајќи снимки од надзорни камери и записи од мобилни телефони со кои се документирале злосторствата. Истражителите откриле и експлицитни текстуални и пораки на социјалните мрежи кои ги опишуваат наведените злосторства.
Во случајот се обвинети и Хантер Лолес, кој ја признал вината за сексуално искористување деца, и Луис Вискаро Санчез, кој е осуден за подведување. Сослушувањето за изрекување на пресудата е одржано минатиот четврток.
Окружниот обвинител Ренди Мекгинли ги пофали напорите на полициските и правосудните тимови и нивната посветеност на постигнувањето правда за жртвите. „Овие двајца обвинети создале вистинска куќа на стравот, ставајќи ги своите изразено мрачни желби над сè и сите останати“, кажа Мекгинли.
„Вилијам и Захари Залок сега ќе поминат 100 години во затвор без можноста за условно пуштање. Со тоа е загарантирано жртвите, додека растат, да не мора да се грижат за тоа дали нивните злоставувачи ќе бидат на слобода“, додаде тој.