среда, 23 октомври 2024

Американците си поиграа со Бразил, приредија вистинско шоу пред дуелот со Србија

Американските кошаркари приредија вистинско шоу во четвртфиналето против Бразил, победија со 122-87 и за место во големото финале ќе се борат против селекцијата на Србија.

Објавено на

часот

Сподели

НБА ѕвездите буквално си поиграа со денешниот противник, постигнаа дури 122 поени и тоа го правеа на атрактивен начин.

Бразил не можеше да се носи со далеку посилниот противник иако во третиот период покажаа добра игра и ја добија таа четвртина со 35-31.

Стив Кер шанса им даде на сите кошаркари, па поените доаѓаа од различни играчи. Букер беше најефикасен со 18 поени, Едвардс постигна 17, Ембид 14. Кај Бразил најефикасен беше Кабокло со 30 поени.

Во полуфиналето САД ќе игра против Србија која денеска по продолжение ја совлада селекцијата на Австралија.

Во другото полуфинале ќе играат Франција и Германија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ