среда, 25 декември 2024

Америка: Тојота повлекува милион возила поради неисправни сензори на воздушните перничиња

Тојота моторс соопшти дека ќе повлече милион свои возила во САД поради дефект на сензорот што може да предизвика краток спој и да ги деактивира воздушните перничиња.

Објавено на

часот

Сподели

Повлекувањето опфаќа возила од 2020 до 2022 година кои вклучуваат различни модели на Авалон, Камри, Корола, РАВ4, Лексус ЕС250, ЕС300Х, ЕС350, РКС350 Хајландер и Сиена хибридните возила поради дефекти на сензорот, пренесува Ројтерс.

Сензорите обезбедуваат воздушните перничиња да не се активираат ако на предното седиште седи мало возрасно лице или дете, а дилерите ќе ги проверат и заменат сензорите доколку е потребно.

Производителот на автомобилите планира да започне со известувањето на сопствениците за повлекувањето во февруари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ