петок, 28 февруари 2025

Америка го отвора досието Џефри Епстајн (ВИДЕО)

Американската државна обвинителка Пам Бонди најави дека се отвора „дисето Џефри Епстајн“.

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за правда веќе ги објави евиденцијата на летовите и имињата на луѓето поврзани со Џефри Епстајн, посрамениот финансиер и сексуален престапник.

Тоа го соопшти американската државна обвинителка Пам Бонди за телевизијата Фокс њуз.

„Она што ќе го видите се многу дневници на летови, многу имиња, многу информации“, кажа Бонди и додаде: „Но, прилично е болно што направил тој човек, заедно со неговата соучесничка“.

Епстајн, кој изврши самоубиство во њујоршки затвор во 2019 година и претходно се изјасни како виновен за наведување на лица помлади од 18 години на проституција во 2008 стана светски познат по своите врски со истакнати и моќни поединци, вклучувајќи го британскиот принц Ендрју и двајца американски претседатели – Бил Клинтон и Доналд Трамп.

Во моментот на смртта, Епстајн беше обвинет за сексуална трговија.

Неговата соучесничка Жислејн Максвел, доби казна од 20 години затвор во 2022 година откако беше осудена за федералните обвиненија за сексуална трговија.

Иако не е јасно кои конкретни информации министерството за правда намерава да ги објави, многу престапи на Епстајн се пријавени низ годините и тој е именуван во неколку тужби.

Бонди додаде и дека Епстајн имал повеќе од 250 наводни жртви.

Најавеното објавување на владините документи во врска со Епстајн предизвика шпекулации дека ќе вклучува „листа на клиенти“ на сите соработници на Епстајн – славни и богати личности, кои учествувале во неговите сексуални злосторства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ