Целта е да се добие добра основа за интеграција во единствениот пазар во периодот 2024-2028, претстојната стратегија на државата треба да има двостран фокус: развој на функционален деловен екосистем на внатрешен план и продлабочување на регионалните врски на надворешен план за да се создаде заемно поврзан регионален пазар.
На политичките партии, како важен чинител во креирањето на јавните политики, им беа презентирани главните препораки на АмЧам со фокус на економскиот развој, предвидливоста на деловното опкружување, дигитализацијата, здравствениот систем, човечкиот капитал и одржливоста како основни столбови на кои треба да се посвети значајно внимание.
Од страна на АмЧам, беше истакната спремноста за споделување на експертиза, поддршка и препораки во реформскиот процес што треба да го испорача развојот на економски систем кој е усогласен со ЕУ вредностите и истовремено нуди прогрес во подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Американската стопанска комора во Северна Македонија, како активен партнер на институциите, политичките партии и останатите стејкхолдери, останува подготвена за максимизирање на колективната сила во функција на поттикнување на позитивни промени, економски раст и просперитет и повикува на засилена координација меѓу корпоративниот сектор и креаторите на јавните политики, соопшти АмЧам.