сабота, 27 јули 2024

Амбасадата на САД за соопштението на Левица: Партиските лидери да покажат зрелост

Според дипломатските протоколи Амбасадата на САД во Скопје обезбедува официјална кореспонденција на три јазици – англиски, македонски и албански. Така беше и во случајот со честитката на амбасадорката Агелер до премиерот Џафери, реагира Амбасадата на САД на соопштението за Левица за наводната честитка на амбасадорката само на албански јазик.

Објавено на

часот

Сподели

„Додека оваа земја се подготвува за изборен период, може да се надеваме дека партиските лидери би можеле да покажат зрелост поставувајќи прашања за процесите, наместо да обвинуваат заради политички поени“, се вели во реакцијата на Амбасадата на САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ