„Имено, на 31 јануари 2023 година, од страна на амбасадорката испратена е честитка на албански јазик до техничкиот претседател на Влада, амнестираниот воен злосторник, Талат Џафери. Иако испраќањето честитка претставува симболичен гест, сепак, беше погазен Уставот на Република Македонија (член 7).
Дополнително, со овој чин беше прекршена и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година, која ги обврзува дипломатите да ги почитуваат законите и прописите на земјата во која се назначени за дипломатски претставници.
Сметаме дека овој потег на амбасадорката е спротивен на стратешките интереси на Македонија, подгрева меѓуетничка тензија, претставува отворена поддршка на трибалистичките политики на етнички профилирана политичка партија и поттикнува јазична федерализација, која го загрозува суверенитетот и унитарноста на Републиката“, се вели во соопштението на Левица.