петок, 31 јануари 2025

Алвеш оди на привремена слобода со кауција од милион евра

Судот во Барселона му даде дозвола на Дани Алвеш да оди на слобода до правосилната одлука за неговиот случај, доколку плати милион евра.

Објавено на

часот

Сподели

По 14 месеци поминати во притвор, Дани Алвеш конечно ќе излезе на слобода, барем привремено.

Алвеш беше осуден на четири и пол години затвор, и казна од 150.000 евра поради сулување девојка во ноќен клуб. Тој се жалеше на ваквата одлука.

Додека ги чека резултатите од жалбата, Дани Алвеш ќе биде на слобда бидејќи судот во Барселона му го прифати барањето за кауција од милион евра која допрва треба да биде уплатена.

Покрај уплатата од милион евра, на Алвеш ќе му бидат одземени и двата пасоши, бразилскиот и шпанскиот со цел да не побегне надвор од Шпанија.

Тој вчера на судот му вети дека ќе остане во Шпанија, во Барселона бидејќи таму има имот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ