среда, 4 декември 2024

Алтернатива повика на разумност, граѓаните да не станат жртви на подбуцнувањето од неуспешните политичари

Централното претседателство на Алтернатива ги осудува сите постапки што ги повредуваат мирот и безбедноста и повикува на разумност и зрелост од страна на граѓаните за да не станат жртви на подбуцнувањето од неуспешните политичари.

Објавено на

часот

Сподели

На Централното претседателство на Алтернатива се разговараше за актуелната политичка ситуација и општата безбедносна состојба во земјава. Според Алтернатива, оваа состојба е повредена со поттикнување на одредени деструктивни сили од опозициско потекло, кои сè уште не можат да се помират со фактот дека се во опозиција.

„Индикативно е дека овие инциденти се случуваат токму во времето кога се случуваат и српските напади на северот на Косово. Ги осудуваме сите постапки што ги повредуваат мирот и безбедноста и повикуваме на разумност и зрелост од страна на граѓаните и ги повикуваме да не станат жртви на подбуцнувањето од неуспешните политичари, кои фрлаат камен и ја кријат раката.

Во оваа прилика, освен што ја поздравуваме претпазливоста на Министерството за внатрешни работи, ги охрабрува органите на прогонот да бидат на врвот на нивните должности и да не дозволат на кој било начин да се загрози безбедноста на граѓаните. Го повикуваме Уставниот суд да не експериментира со своите права и обврски, што влијае на унапредувањето на правото на албанскиот јазик, бидејќи тоа може да биде удар за меѓуетничките односи во нашата земја и посветеноста на Северна Македонија кон интеграција во Европската Унија“, се додава во соопштението на Алтернатива.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ