петок, 18 октомври 2024

Алтернатива: Ако се смени преамбулата, тогаш зборуваме за нашата тема за редефинирање

Објавено на

часот

Сподели

„Иако предлогот на македонската опозициска партија е ретрограден и како таков е неприфатлив за нас, сакаме да ја потсетиме јавноста дека, гледајќи ја асиметријата што постои меѓу мултиетничкото
општество и моноетничката држава – одамна предложивме да се направи редефинирање на преамбулата на Уставот, на начин што таа би се одразувала на општеството на нашата земја. Затоа, побаравме, во услови на мир и без ниту еден притисок, да ја отвориме оваа тема и да дискутираме дали сме успеале да изградиме кохезивна држава помеѓу општеството и државата.

Гледајќи дека Северна Македонија има едно поголемо мнозинство (етничките Македонци- 54%), второ мнозинство (Албанците 30%) и група на малцинства (6-7%), нашиот предлог беше Северна Македонија да се дефинира како ‘држава на македонската нација, албанската нација и другите етнички заедници’. За да бидеme креативнi na оваа тема, предложивме и тоа Северна Македонија да се дефинира во својата премабула како ‘држава на нејзините граѓани’, отстранувајќи ги сите етнички
атрибути од градењето на државата.

Кој модел треба да го прифатиме како држава, тоа треба да биде дел од дебатата и политичкиот консензус. За нас ова е тема која не треба да се употреби за електорални цели, додека ние сме подготвени и отворени да разговараме со аргументи и без предрасуди“, соопшти Алетрнатива.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ