Меѓу другите, присутни беа и министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.
Министерот Мисајловски во изјава за медиуми рече дека ова е убава активност и му претставува чест што може да се видат како специјалните единици го покажуваат својот квалитет.
„Денеска имаме една убава активност. Заедно со министерот за внатрешни работи, со началникот на Генералштабот, со директорот на БЈБ и со повеќе старешени, имавме една прекрасна вежба, алпинистичка вежба, каде што можевте сите да бидете сведоци на една тимска работа, каде што нашите специјални сили, „Волците“ но и ЕБР заеднички со една посебна синергија ги покажуваат, квалитетите, нивната професионалност, но и она што најмногу мене ме радува е тимската работа, заеднички се подобруваат, заеднички во секоја акција и секогаш први. Затоа навистина ми е чест денеска да ги видиме сите овие специјални единици, да го покажат квалитетот, но и да покажат дека се навистина гордост на Македонија“, истакна Мисајловски.