сабота, 15 февруари 2025

Алкалоид тргна кон Италија, има осминафинален предизвик

РК Алкалоид им се враќа на европските обврски, пред нив е осминафиналната пресметка со РК Бриксен во рамките на Европскиот куп на ЕХФ.

Објавено на

часот

Сподели

Алкалоид бележи прогрес во однос на минатата сезона, лидер е во домашното првенство, но игра одлично и на меѓународната сцена.

Без поголеми потешкотии стигна до осминафиналето од Европскиот куп, а сега се бори за место меѓу најдобрите осум од ова натпреварување.

Противник им е Бриксен од Италија, натпреварот се игра на 15 февруари (сабота) со почеток од 19 часот.

Алаклаоид е фаворит во овој двомеч, целта е да се обезбеди победа уште во Италија и со добар резултат да се почне реваншот кој е на програмата на 22. февруари од 18 часот во Автокоманда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ