Синоќа е пријавено дека полицаец од Чаир во близина на ресторан на улицата „Македонско-косовска бригада” во Скопје запрел возило „митцубиши” кое имало вклучено т.н. флешери. Возачот почнал агресивно да се однесува, а за кратко време на местото на настанот пристигнал и М.Љ. со уште неколку лица, при што физички го нападнал полицискиот службеник. Пристигнале и други полицајци кои биле нападнати од групата. М.Љ. испукал од пиштол во воздух, но бил совладан од полицајците и пиштолот му бил одземен, а од пукањето нема повредени лица.
Потоа дошле и други лица, меѓу кои и полициски службеници, по што М.Љ. избегал. За него била распишана потерница, но тој денеска сам се пријавил во полициска станица.
Известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР, обезбеден е пиштолот и видео снимки од настанот и се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.