„Нападот на контролната кула на скопскиот аеродром е скандалозен инцидент од меѓународни размери. Овој чин го загрози меѓународниот воздушен сообраќај и животите на стотици или илјадници патници кои би можеле да настрадат како резултат на овој инцидент.
Ја поздравуваме реакцијата на обвинителството и барањето за притвор на осомничените и очекуваме правдата да донесе правична и заслужена пресуда, за ваквите дела да добијат соодветна казна и никогаш да не се повторат.
Воедно бараме од одговорните органи да го зголемат степенот на безбедност во овие објекти и институции, како и да истражат како напаѓачите, неовластено успеале да влезат во контролната кула“, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.