Според нив, со доаѓањето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициски партнери, се поттикнале антиалбански елементи во државата, судството и обвинителството. Како доказ за тоа ја наведуваат денешната одлука за, како што велат, „спас на организаторите на крвавите настани од 27 април 2017 година“, кои со насилство се обиделе да го сопрат демократскиот процес.
„Простувањето на учесниците на овој настан започна со ослободување на затворениците од директорот на затворите и слични процеси, а сега продолжува со амнестија на организаторите. Овие одлуки се само поттик за оние кои го нарушија уставниот поредок на државата, го потхрануваат национализмот и го легализираат тероризмот како облик на дејствување“, се вели во соопштението.
Алијанса за Албанците прашува кога ќе започне повторно судење за други осудени криминалци за уставен тероризам, што, како што додаваат, е „јавна тајна“.
Партијата предупредува дека секоја тенденција за амнестија на организаторите и извршителите на настаните од 27 април само ќе поттикне нови слични случаи и ќе испрати погрешна порака до јавноста.