Ваквата одлука е резултат на неодамнешната посета на премиерот Еди Рама на Италија. Во јануари тој имаше состанок со првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Италија, Габриеле Гравина со кој е остварен договор што стапува на сила од сезоната 24/25.
„Историски момент, добри вести за албанските фудбалери и албанскиот фудбал. Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Италија ја потврди одлуката, од сезоната 24/25 албанските фудбалери да имаат статус на домашни играчи. Ова е одлична можност за голем број албански фудбалери кои сега имаат можност да играат во една од најсилните лиги во Европа“, изјави Дука.
Во моментов во Серија А играат 13 албански фудбалери, а голем дел од нив имаат важна улога во своите екипи. Албанската репрезентација летово ќе учествува на Европското првенство во Германија.